Грчкиот премиер Папандреу во ОН

Спорот со името меѓу Атина и Скопје, според грчкиот весник Етнос, ќе било главна тема на денешната средба на грчкиот премиер Јоргос Папандреу со генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун во Њујорк. Весникот, повикувајќи се на дипломатски извори, наведува дека Ки Мун ќе побарал од Папандреу да го информира за активностите за решавање на прашањето за името кои се надвор од рамките на Обединетите нации како што се неговите директни средби со македонскиот премиер Никола Груевски.