Во Колумбија, 17 убиени

Најмалку 17 луѓе загинале, меѓу нив и 11 полицајци во вчерашната серија напади во Колумбија каде што се одржуваше вториот круг од претседателските избори. Седуммина полицајци загинале во бомбашки напад, соопшти полицијата. Истовремено биле изведени и неколку други напади во кои загинале уште четворица полицајци. Војската пак извела воздушен напад во кој биле убиени 6 герилци. Инаку, според првичните резултати, на изборите победил поранешниот минситер за одбара Хуан Мануел Сантос.