Милошоски на сесија на ПС на СЕ

Македонскиот министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри, денеска ќе се обрати на летната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Предвидено е тој да се сретне со претседателот на Парламентарното Собрание Мевлут Чавушоглу. На летната сесија на која оваа недела обраќање ќе има и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, ќе се расправа, меѓу другото, за Балканот и за ситуацијата на Блискиот Исток.