Македонците во Србија не избраа Национален совет

Македонската заедница во Србија денеска поради немање кворум не го одржа електорското собрание во Панчево на кое требаше да го избере својот Национален совет. Од потребните 45 електори на собранието присуствувале 40. Поради немање кворум не се одржа ни првото собрание на 6 јуни, кога се избраа националните совети на другите нациоанлни малцинства во Србија. Правниот советник на Министерството за човечки и малцински права на Србија Братислав Николиќ изјавил дека во наредните денови Министерството ќе излезе со став каква ќе биде понатамошната процедура за избор на Националниот совет на Македонците.