Ирак ги критикува воздушните напади на Турција против Курдите

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари денеска ги критикуваше нападите на турските сили во Ирак, во регионот каде што живеат Курди. Зебари кој и самиот е Курд, изјавил дека воздушните напади од турска страна се кршење на ирачката независност, суверенитет и нарушување на добрососедските односи. Турските копнени сили денеска навлегле 10 километри на ирачка територија во потрага по скривалишта на курдски бунтовници, кои претходно убија 12 турски војници. При денешните напади биле убиени 4 бунтовници. Зебари изјавил дека не ги подржува бунтовниците , но и дека воздушните напади на Турција не се решение за милитантите.