За 7 илјади евра фалсификат диплома од факултет

За само 7 илјади евра, четворица фалсификатори од Албанија издавале диплома од Правниот факултет во Тирана. Заинтересираните дипломата ја добивале за два месеци откако ќе ја нарачале. Полицијата ги уапсила фалсификаторите , кај кои запленила и доказни матријали како дипломи, уверенија, печати, фотографии кои биле оригинали. Уапсените не биле вработени на факултетот.