Во поплави во Кина настрадале 132 луѓе

Најмалку 132 луѓе загинале во поплавите и лизгањето на земјиштето по обилните дождови кои го зафатија југот на Кина, јавуваат кинеските медиуми. Повеќе од 1 милион луѓе се евакуирани, а 86 и понатаму се водат за исчезнати. Во невремето се срушени 68 илјади куќи а поплавени се и повеќе од 500 илјади хектари посеви. Властите проценуваат дека штетата од поплавите изнесува повеќе од 2 милијарди долари. Метеоролозите предвидуваат уште дожд во таа област.