Курдските бунтовници убиле уште еден турски војник

Курдските бунтовници убиле уште еден турски војник во нападот на една воена база во источна Турција, со што бројот на турски војници убиени од страна на бунтовниците за овие два дена се искачи на 12. Во нападот бил повреден еден војник,јавува агенцијата. По нападите на бунтовниците Турција започна воздушни напади на бунтовничките бази , вклучително и на оние во северниот дел на Ирак. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на погребите на војниците.