Ош уште под вондерна состојба

Привремената влада во Киргистан ја продолжи вонредната состојба во градот Ош и околните области до 25 јуни. Вонредната состојба беше прогласена на 11 јуни откако дојде до судири меѓу Узбеците и Киргизите. Етничките Узбеци кои имаат поставено барикади околу своите населби, до 14 часот имаат рок да ги отстранат, во спротивно властите ќе употребат сила, најави вчера градоначалникот на Ош. Властите и хуманитарните организации велат дека можеби до сега во насилствата загинале до 2000 луѓе, а 400 илјади се раселени или побегнале од Киргистан. Привремените киргистански власти по средбата со американскиот преставник Роберт Блејк, ветија дека ќе се заложат да ги истражат причините за насилствата.