ОН го одбележуваат Денот на бегалците

Обединетите нации денеска го одбележуваат Светскиот ден на бегалците. На овој ден Организацијата повторно повика да се сврти вниманието кон маките на луѓето кои биле приморани да го напуштат својот дом поради конфликти или прогонувања. Според податоците на ОН во светот моментално има околу 15 милиони бегалци кои не можат да се вратат во своите домови. Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутерес оваа година денот ќе го одбележи во Сирија , земја која е домаќин на повеќе од 1 милион бегалци, поголемиот дел од Ирак. На овој ден ОН ќе испратат и помош за околу 400 илјади луѓе бегалци или раселени по конфликтот во Киргистан