Над 80 демонстранти уапсени во Азербејџан

Повеќе од 80 активисти од азербејџанската опозициската партија Народен фронт биле уапсени денеска на митинг во Баку, Азербејџан. Активистите протестирале поради ограничувањата на Владата за слобода на здружувањето, во која е вклучено и забрана на било какви протести во централниот дел на главниот град.