„За подобра Македонија“ потпишаа Декларација за европска Македонија

Лидерите на политичките партии од коалицијата „ За подобра Македонија“ денеска потпишаа заедничка Декларација за европска Македонија, со која сакаат да го искажат својот став дека остануваат на определбата за зачеленување на земјата во ЕУ. Членството во ЕУ и во НАТО треба да биде главна политичка определба и заслуга на сите политички партии се наведува во Декларацијата. Потписниците на Декларцијата констатирале дека е особено важно сите политички партии во своето однесување да го афирмираат духот на заедништво во насока на што поскоро членство во ЕУ. Во Декларацијата потписниците го потенцираат и значењето и улогата на невладините организации и медиуми во функција на што поскора реализација на оваа стратешка цел на Македонија.