Пет полицајци повредени во Скопје

Пет полицајци се повредени при судир на полициско комбе и автобус на ЈСП, што се случил утрово во населбата Ѓорче Петров во Скопје, соопштуваат од МВР. Освен повредените полицајци, други повредени нема. Од Ургентниот центар велат дека на еден од повредените му се вршат дополнителни испитувања, а додека останатите четворица се надвор од животна опасност. Причините на несреќата се истражуваат.