Турската армија убила 130 курдски бунтовници

Претставник на турската армија соопшти дека околу 130 курдски бунтовници биле убиени од почетокот на воената операција во Турција, но и во соседниот Ирак. Во операцијата против Курдската работничка партија која стартуваше во март годинава биле вклучени и воздухопловните сили.