Медведев за соработка со САД во врска со Иран

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека неговата земја и Соединетите држави би требало да дејствуваат колективно во убедувањето на Иран да се врати на меѓународните разговори за неговата нуклеарна програма. Во интервју за весникот Вол стрит Џурнал, Медведев приговара на новите санкции што Вашингтон и Брисел ги воведоа против Иран веднаш откако Русија ги поддржа санкциите на Обединетите нации. Според него, Вашингтон, за разлика од Русија и Кина, не може многу да загуби на економски план од новите санкции. Медведев на отворањето на Економскиот форум во Санкт Петерсбург изјави дека на Русија и треба инвестициски бум за заживување на стопанството. Тој најави укинување на даноците за странските инвеститори.