Воениот рок во Германија скратен на 6 месеци

Германскиот Бундестаг синоќа донесе одлука со која воениот и цивилниот рок во Германија од први идниот месец се скратуваат на само шест месеци. Досега воениот рок изнесуваше девет месеци. Во германската армија во моментов има околу 250 илјади војници.