Земјотрес во Јапонија, нема извештаи за штети

Земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Јапонија, но нема опасност за цунами, ниту извештаи за штети, јавуваат медиумите. Епицентарот бил во морето на длабочина од десет километри и во близина на островот Хокаидо.