Апел за враќање на бегалците од Киргистан

Привремениот претседател на Киргистан Роза Отунбаева денеска го посети градот Ош и побара да се преземат мерки за враќање на неколкуте стотици илјади бегалци кои го напуштија југот на земјата во крвавите етнички судири. Ова е нејзина прва посета на Ош по почетокот на судирите меѓу киргизите и узбеците. Според проценките на Обединетите нации околу 400 илјади луѓе, главно узбеци го напуштиле Киргистан. Властите велат дека насилството намерно го поттикнале соработниците на соборениот претседател Курманбек Бакиев.