Русија нема да извезува ракети во Иран

Руското министерство за надворешни работи потврди денеска дека нема да извезува ракети С-300 за Иран, бидејќи и тоа потпаѓа под санкциите на ОН кон Техеран. Договорот за испорака на ракетите привремено ќе биде замрзнат. Досега руските преставници различно ги толкуваа санкциите, за едни договорот за извоз на ракетите не спаѓаше во одредбите на ОН, за други да, се до денешната потврда на Министерствот за надворешни работи.