ЕУ ги одобри санкциите кон Иран

Лидерите на земјите членки на Европската Унија денеска ги одобрија санкциите кон Иран . Тие се согласиле да го притиснат Техеран да се врати на разговорите за неговата нуклеарна програма. И ЕУ се одлучи на санкции кон Иран, покрај оние санкции кои пред една недела ги изгласаа ОН. Во санкциите на ЕУ се вклучени блокирањето на инвестициите во секторот енергетика, во банкарството и транспортот. И САД си предложи свои забрани за Иран во склоп на санкциите на ОН . Русија денеска ги критикуваше ЕУ и САД за нивните забрани кон Иран.