Кина не сака да се зборува за јуанот на состанокот на Г20

Кинескиот претседател Хју Џинтао наредната недела ќе оди на состанок на Групата Г20 во Торонто, но не сака на тој собир да се зборува за курсот на јуанот, соопшти кинеската влада. Портпаролот на владата изјави дека Г20 треба да остане посветена на закрепнувањето од глобалната економска криза, и не би било во ред ако на тој состанок се разговара за курсот на јуанот. Портпаролот изјавил дека Пекинг напорно работи да го сочува курсот стабилен.