Судански бунтовници изведени пред Меѓународниот кривичен суд

Двајца лидери на суданските бунтовници осомничени за воени злосторства во Дарфур, се изведени денеска пред Меѓународниот кривичен суд . Тие се осомничени дека учествувале во нападот во кој загинаа 12 мировници на Африканската Унија во 2007-та година. Случајот против двајцата бунтовници е дел од напорите на судот да се докаже одговорноста за конфликтото во Дарфур, во кој ОН велат дека загинале над 300 илјади луѓе почнувајќи од 2003-та. Минатата година, судот го обвини претседателот на Судан, Омат ал Башир за воени злосторства против човештвото, тоа беше прв шеф на држава кој се соочи со меѓународна потерница од судот.