ЗЕУ со резолуција за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Европското собрание за безбедност и одбрана на Западно Европската Унија усвои резолуција за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. Со резолуцијата се повикува Советот на Европската Унија да и додели датум за почеток на преговори на Македонија. Предлагачот на резолуцијата италијанскиот социјалист Пјеро Фасино изјавил дека на 15 години по Дејтонскиот договор и 10 по војната во Косово, сега е моментот да се заврши со процесот на стабилизација на регионот и тоа преку негова интеграција во ЕУ.