ЕУ со построги финансиски правила

Европската унија се очекува на денешниот еднодневен самит во Брисел да одобри построги финансиски правила како превенција на повторувањето на грчката должничка криза. Во Европа расте загриженоста дека Шпанија, петтата најголема економија во Унијата, би можело да ја следи Грција во барањето европската помош за да се справи со финансиските проблеми. Евролидерите веќе демантираа дека Шпанија е на агендата на денешниот самит. Инаку, на овој состанок треба да биде одобрен и новиот пакет санкции против Иран.