Израел ја олеснува блокадата на Газа

Израелската влада денеска реши да ја олесни блокадата на Газа и да дозволи влез на поголем број продукти и намирници на територијата контролирана од Хамас. Ова се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, а до одлуката дојде по зголемениот меѓународен притисок откако израелски командоси напднале хуманитарни бродови за Газа на 31 минатиот месец.