Турски командоси во северен Ирак

Турција синоќа испратила неколку стотици специјалци во северен Ирак во потера по група курдски борци кои побегнале по неуспешниот напад врз една погранична единица, соопшти турската војска. Според проценките на турската војска, околу 4 илјади припадници на Курдската работничка партија се наоѓаат во Ирак, а околу две ипол илјади дејствуваат во Турција.