Осуден нападот врз претседателот на косовската општина Ораховац

Владата на Косово го осуди фрлањето на експлозивот во дворот на куќата од претседателот на општината Ораховац, Чазим Чеку. Ноќта меѓу вторникот и средата во куќата на Чеку експлодира експлозивна направа при што е предизвикана поголема материјална штета. Владата на Косово побара од надлежните органи да ги изведат извршителите пред лицето на правдата. Полицијата соопшти дека има двајца сведоци на настанот.