Се смирува состојбата во киргистанскиот град Ош

Киргистанските трупи патролираат низ улиците на јужниот град Ош кој беше центар на неодамнешните насилства меѓу етничките Киргизи и Узбеци, во кои имаше најмалку 187 жртви а околу 2000 повредени. Илјадници Узбеци се упатија кон соседен Узбекистан со намера да се префрлат таму. Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов го повика генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун да испорача итна помош за раселените луѓе. Агенцијата за бегалци на ООН рече дека првите две летала со помош се спуштиле во источен Узбекистан.