Гејтс: акцијата против Талибанците дава резултати

Министерот за одбрана на САД, Роберт Гејтс го поддржа авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и оцени дека офанзивата на меѓународните сили против екстремистите во областа Кандахар напредува, иако не со предвидената брзина. Тој оцени и дека акцијата на меѓународните сили против Талибанците, која започна пред неколку месеци, дава резултати. Во рамките на новата стратегија, американскиот претседател Барак Обама во декември најави испраќање на дополнителни 30 000 војници во Авганистан.