ОН:да им се помогне на раселените и бегалците во Киргистан

Генералниот секретарот на ОН, Бан Ки Мун денеска повикал да им се помогне на Узбеците кои бегаат од насилствата во Киргистан. Бан Ки Мун телефонски разговарал со претседателот на Узбекистан Ислам Камиров. Секретарот на ОН изјавил дека ќе се мобилизираат сите неопходни агенции на ОН и влади од регионот да им помогнат на раселните луѓе во самиот Киргистан , како и на они кои избегале во Узбекистан. Претходно од УНХРЦ изјавија дека ако меѓународниот фактор не помогне состојбата во Киргистан ќе прерасне во катастрофа.