Во судири во северен Пакистан загинале 10 војници

Во жестоки борби во северозападен Пакистан загинале 10 војници и најмалку 30 бунтовници, соопштиле владини и воени преставници на Пакистан. Воените извори соопштуваат дека до борбите дошло откако војниците почнале акција во Бајур, племенска област во близина на границата со Aвганистан.