Груевски се среќава со челници на европската десница

Евроинтеграцијата на Македонија, очекувањата за добивање датум за почеток на преговори и грчката блокада, се темите на кои премиерот Никола Груевски ќе разговара со челниците на алијансата на европските десничарски партии, во која членува и ВМРО-ДПМНЕ. Груевски денеска во Брисле веќе имал средба со генералниот секретар на Европската народна партија Антонио Лопез Истуриц, јавува МИА. Премиерот денеска треба да има средба и со потпретседателот на ЕНП Петер Хинце, а утре е предвидено да се сретне со еврокомесарот за проширување Штафан Филе.