Турција ќе испраќа уште помош за Газа

Турската хуманитарна група денеска соопштила дека ќе испрати уште една флотила во Газа наредниот месец. Од Фондацијата за човекови права, слободи и хуманитарна работа денеска на членовите на Европскиот парламент им соопштиле дека наредниот месец ќе испратат шест бродови со хуманитарна помош, а апелирале и на тоа кој сака да им се придружи. Минатиот обид да се достави помош до Газа, заврши неуспешно, будејќи бродовите беа запрени од израелските сили. Следната флотила треба да тргне кон Газа во втората половина на јули. Од Организацијата ги повикале медиумите да испитаат што има на бродот пред тој да тргне на пат. Израел се сомнева дека Организацијата има врски со муслиманските милитанти, но групата негира поврзаност