Јуни - најсмртоносен за НАТО силите во Авганистан

Овој месец стана еден од најсмртоносните за НАТО силите во Авганистан. 5-мина странски војници загинале вчера, со што само во јуни над 40 припадници на сојузничките сили настрадале во Авганистан. Исто така вчера во Авганистан, при напад на бунтовниците, загинале и 5-мина авганистански полицајци и еден гувернер.