Израел ќе ја деблокира Газа?

Израелскиот кабинет денеска ќе одржи состанок на кон ќе биде разгледана можноста за олеснување на блокадата на Појасот Газа. Израел е под силен меѓународен притисок да ја прекине блокадата, која беше воведена во 2006-та кога контролата врз Газа ја превзеде Хамас. Специјалниот пратеник на квартетот за Блискиот Исток, Тони Блер изјави дека Израел, во принцип се согласил да деблокирање на Газа.