Висок американски дипломат во посета на Узбекистан

Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк денеска ќе отпатува за Ташкент, главен град на Узбекистан, каде што пребегаа десетици илјади луѓе поради насилствата во соседен Киргистан. Целта на посетата на Блејк на Централна Азија е да ја процени ситуацијата и да се консултира со локалните официјални претставници.