Бразил тешко до победа против Северна Кореја

Фудбалерите на Бразил во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство ја совладаа репрезентацијата на Северна Кореја со 2:1. Головите за Бразил ги постигнаа Мајкон и Елано, а за севернокорејците Јун Нам, сите во второто полувреме.