Убиен управител на област во Авганистан

Управителот на област во провинцијата Кандахар во Авганистан бил убиен денеска, соопштуваат тамошните власти. Заедно со него загинале и неговиот син и телеохранителот. Тие загинале кога експлодирало возило којо било паркирано близу до местото каде поминале вракајќи се дома..Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди нападот. НАТО планира голема операција во Кандахар оваа година. Повеќето од американските трупи кои се наоѓаат во Авганистан ќе бидат распоредени во Кандахар, родното место на Талибанците.