Црна Гора бргу ќе се интегрира во ЕУ и НАТО

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ очекува Црна Гора до крајот на годинава да добие статус кандидат за членство во Европската Унија и препорака за отварање на претпристапните разговори. Тој вели дека тие очекувања се реални посебно ако се земе предвид дека одговроно ги исполниле сите обврски кои ги имале на европскиот пат. Црна Гора треба да направи се за Европската комисија, најверојатно во ноември, да даде позитивно мислење, а се надеваме дека во декември ќе добиеме и кандидатски статус и препорака за отварање на претпристапните преговори, изјавил Ѓукановиќ. Според него црногорската Влада има и политичка волја и капацитети за решавање на пролемите со корупцијата и организираниот криминал. Освен тоа црногорскиот премиер најавил дека првата следна членка на НАТО ќе биде Црна Гора.