Намалена цената за приговор за државната матура

Министерството за образование и наука одлучи цената за приговор за државната матура да се намали од 1.400 на 1.000 денари, со што ќе им се овозможи на матурантите можност за полесен пристап до резултатите од тестот. Ваквата одлука се должи на економската состојба , за да можат сите ученици кои се сомневаат во резултатите од државната матура да ги проверат, изјави министерот Никола Тодоров. Годинава е трета по ред како матурантите полагаат државна матура.