Милошоски:нема решение под притисок

Невозможно е решение под притисок, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски осврнувајќи се на грчко-македонкиот спор за името. Тој во обраќањето на состанокот на Централно-европската иницијатива што се одржува во Црна Гора изјави дека Македонија е соочена со неразбирлив притисок да се откаже од природното и основно право да си избере име.