Трговијата со луѓе не ја одминува Македонија

Македонија е извор, земја транзит и крајна дестинација за жени и деца присилени на проституција и работа а кои доаѓаат од Албанија, Бугарија и Косово. Ова е наведено во годишниот извештај за трговија со луѓе на американскиот Стејт Департмент. Понатаму во извештајот се вели дека Македонија е рангирана во групата земји кои целосно не се придржуваат до минималните стандарди но сепак прават напори во борбата со трговија со луѓе.