Брисел го одобри Договорот за стабилизација и асоцијација со Србија

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешната средба во Луксембург дадоа „зелено светло“ за почеток на ратификувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Србија, две години по потпишувањето на овој документ и пет години од почетокот на преговорите меѓу Белград и Брисел. Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, кој учествува на средбата, изјави на прес-конференција дека соработката на Белград со Трибуналот е добра, но апсењето на останатите бегалци нема алтернатива. Тој објасни дека меѓународната заедница го создала Трибуналот и апсењето на бегалците е важно за нејзиното реноме