Медведев:ситуацијата во Киргистан не може да се толерира

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска изјави дека ситуацијата во Киргистан не може да се толерира и претставува регионална вонредна состојба. Медведев за руските новински агенции изјавил дека "се е можно" и дека треба да се направи се да се спречи ситуацијата во Киргистан. Привремената киргистанска влада досега неколку пати побара Русија да помогне , но досега Моска изјавуваше дека нема мандат да дејствува при внатрешен конфликт на друга земја.