Соседите на Киргистан размислуваат како да помогнат

Организацијата за Колективна Безбедност, во која членуваат 7 поранешни Советски републики, меѓу кои и Киргистан се уште размислува како да одговори на кризата во Киргистан. Генералниот секретар на групата изјавил дека треба повеќе од дoбро да размислат како ќе постапат во ваква ситуација. Организацијата се состои од Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Привремена влада на Киргистан ја повика Русија да испрати мировни трупи, но Москва соопшти дека нема мандат да одговора на внатрешни конфликти