Авганистан, богат со литиум

Весникот Њујорк тајмс пишува дека тим американски геолози и претставници на Пентагон, откриле во Авганистан наоѓалишта со нескоритесни минерали во вредност од околу илјада милијарди долари. Командантот на американската Централна команда генерал Дејвид Петреус за весникот вели дека станува збор за сериозно откритие и оти земјата би можело да стане Саудиска Арабија во експлоатација на литиум. Литиум е метал кој се користи за батерии во многу лаптопи и мобилни телефони.