Интерпелацијата за вицепремиерот Наумовски

Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи 107 седница на која на дневен ред е интерпелацијата за работата на вицепремиерот, задолжен за евроинтеграцијата Васко Наумовски. Во интерпелацијата поднесена од ЛДП и Нова демократија се посочува дека Македонија во последните десет месеци бележи сериозен застој на реформскиот процес во контекст на евроинтеграциите. На Наумовски му се забалежува дека целосно ја исклучил европската агенда од политичкиот и институционалниот живот во државата и оти ја маргинализирал улогата на Секретаријатот за европски прашања во рамки на владиниот систем.