Состанок на министри за надворешни работи на ЦЕИ

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, денеска и утре во Будва ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Централно европската иницијатива. Главна тема на состанокот е јакнењето на регионалната соработка во контекст на евроинтеграцијата.