Во автобуската несреќа во Филипини, 18 жртви

Во автобуската несреќа која се случила денеска во Филипини загинале најмалку 18 луѓе, повеќето од нив Иранци, соопштуваат локалните власти. Автобусот превезувал ирански туристи , студенти по медицина. Автобусот скршнал од патот, се превртел и завршил во клисура длабока 30 метри. Полицијата соопштува дека се уште има луѓе кои се затрупани под остатоците на автобусот. Спасувачките екипи работат да ги спасат патниците.