Европратеници бараат ЕУ да одреди датум за Македонија

Десет европратеници од осум држави-членки и четири политички групи, меѓу кои и известувачот на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер, денеска упатија писмо до Европскиот совет, министрите за надворешни работи на ЕУ и Високиот претставник за надворешна политика Кетрин Ештон, во однос на одлуката на Европскиот совет за доделување на датум за преговори на Македонија. Со писмото тие сакаат да го привлечат вниманието на министрите за надворешни работи на државите-членки на ЕУ на потребата да не се одлага почетокот на преговори за членство на Македонија, јавува МИА. Повторното одлагање на одлуката од страна на Советот, може да даде негативен сигнал и да ја загрози стабилноста на балканскиот регион, а тоа може сериозно да ја минира и кредибилноста на надворешната европска политика кон Западен Балкан, се наведува во писмото.